Граѓаните мака мачат да стигнат за термин за снимање посебно компјутерска томографија и магнентна резонанца. Но, освен овие дополнителен проблем е што дел од медицинската опрема не работи. На пример, не работат ангиографите во Струмица и Охрид па пациентите се праќаат во Скопје, пишува здравство.мк.
Ова велат упатените укажува на фактот дека апаратите не се одржуваат, а по извесно време треба и да се обновуваат.
-Нема ништо, ниту еден апарт не е купен. Се што е направено е направено со пари на јавните здравствени установи, но не од министерството за здравство, велат извори за Здравство.мк.
Дека не е инвестирано во медицинска опрема говорат и податоците од системот Електронски набавки.