Во вториот квартал од годинава,ТППЕ Гевгелија интервенирала 29 пати во гаснење на пожари на териториите што ги покрива,односно во општините Гевгелија, Богданци и Дојран.
Извештајниот период е карактеристичен по тоа што најмногу пожари, поточно дури 21,се случиле на подрачјето на општина Гевгелија додека останатите осум пожари биле локализирани на територијата на општина Богданци.
-Од гевгелиските пожари 15 биле на отворен простор, а шест на објекти но со брза интервенција биле локализирани и спречени да направат поголема материјална штета од причинетата која навистина е минимална. Продолжуваме со засилена превентивна контрола во летните месеци на потенцијалните жаришта како што се дивите депонии и стрништата, велат од ТППЕ Гевгелија.
Во контролата на теренот, во делот на шумите, вклучени се шумските полицајци и вработените во подружницата на Шумското стопанство во Гевгелија.
Последните врнежи од дожд, посочија пожарникарите,придонесоа времено да се намали опасноста од пожари, но останува апелот до граѓаните за внимателно однесување и превентивно делување за заштита од пожари. (МИА)