четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

За викендот сончево и топло, до 19 степени

За викендот сончево и топло, до 19 степени

Времето до крајот на неделава ќе биде стабилно и суво, со повеќе сончеви периоди и со постепен пораст на дневните температури. Најтопло ќе биде за време на викендот. Поголемо наоблачување со услови за појава на дожд се очекува од понеделник.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), наутро ќе биде постудено, а преку денот претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од југозападен правец. Во Скопје сончево и тивко.

Минималните температури ќе бидат во интервал од -5 до пет степени, а максималните од четири до 19 степени.

Најнови вести