Поради врнежи од снег и ниски температури на патниот правец Струга – Г.П. Ќафасан од 17 часот е воведена забрана за сообраќај на тешките товарни возила.
За останатите видови на возила, како што соопштуваат од Македонија пат, се препорачува задолжително носење зимска опрема во возилата и нејзина употреба ако условите на патот тоа го бараат.