Престанува важноста на забрана за тешки товарни возила од 05:50 ч. на патниот правец крак Стража – Кичево во двата правци.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
Поради снежни врнежи воведена е забрана за движење на ТМВ во 17:50 на патниот правец крак Маврово- Дебар
Од 04:00 часот, на регионалниот пат Велес-Прилеп, превој „Плетвар“, сообраќајот се одвива нормално за сите видови моторни возила.
Од 13:00 ч. сообраќајот e нормализиран, изградена е трета лента во должина од 100 м. на патниот правец А3 Кочани – М.Каменица, на делницата од Истибања до брана Калиманци, кај м.в. Ајдучки Камен.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.