Поради мрестот на крапот на Осломејско Езеро одреден е ловостојот во истиот период, односно забрана на лов за овој вид риба ќе има од 10 мај до 20 јуни, додека ловостојот за клен ќе биде од 5 мај до 10 јуни. Најдолг ќе биде ловостојот за мрена, кој ќе трае од 15 мај до 15 јули, соопшти портпаролот на спортското риболовно друштво „Хантер фиш“, Мире Ночески.
Тој ги соопшти и правилата за ловење на Осломејско Езеро во количина и големина на уловената риба.
Како што напомена, во периодот кога нема ловостој на Осломејско Езеро, спортските риболовци можат да уловат најмногу пет примероци на клен со должина до 25 сантиметри, а црна мрена 10 примероци со должина до 15 сантиметри.
– Ловот на крапот има трајна забрана за носење дома и секој уловен примерок мора да се врати во езерото, додека неограничен е ловот на следните видови риба, бојник, плашица и карас, додаде Ночески.