Поради интензивни врнежи од снег на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот превој Пресека во 10:45 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила.
Од АМСМ информираа дека изутринава во шест часот забрана за движење на тешки товарни возила е воведена и на планинскиот премин Стража.