среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Забрчанец добива нова функција, Ана Андреева е раководителка на комуникацискиот сервис на Владата

Забрчанец добива нова функција, Ана Андреева е раководителка на комуникацискиот сервис на Владата

Ана Андреева од денеска ќе биде одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата Секретар за комуникации и јавни политики во рамки на Канцеларијата на претседателот на Владата на Македонија.

-Андреева ја презема оваа функција од досегашниот Национален координатор за стратегиски комуникации во Владата на Република Северна Македонија, Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес. Ана Андреева има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг агенциите и во граѓанскиот сектор, велат од Владата.

Од таму информираат дека Забрчанец во наредниот период ќе биде ангажиран во Владата за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка на Македонија.

Најнови вести