Лицето кое гласа задолжително да носи заштитна маска или шал/марама/ прекривка преку нос и уста.
Заради почитување на заштитните превентивни мерки и препораки треба да држи минимум растојание од 1,5 до 2 метра пред влезот, во внатрешноста и при излезот од гласачкото место. Гласачот при самото влегување во внатрешниот простор и при излегувањето треба да ги дезинфицира рацете.
Ова се дел од „Задолжителни препорки заздравствена заштита на во текот на изборниот процес“ кои се однесуваат на гласачите.
-Растојание треба да се држи и при приложување на документот за лична идентификација. Тој потоа накратко ја отстранува личната заштита од лицето заради негова идентификациј.При тоа треба да се почитуваат и ознаките со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање, или да се стои подалеку од граничникот ставен пред членот на избирачкиот одбор – се вели во препораките.
Истовремено на гласачкото место, не смее да има повеќе гласачи од бројот на паравани за гласање.
-При напуштање на гласачкото место, гласачот врши задолжителна дезинфекција на рацете – се наведува во препораките.
Што се однесува до просторијата каде што ќе се гласа препорачано прозорвите во просториите кои ќе се користат како гласачки места, да бидат отворени за време на гласањето, или пак зачестено да се проветруваат на секој час.
На гласачкото место, да се одржува ред и дисциплина при влезот, во внатрешноста и при излезот од гласачкото место или објектот, како и да се обезбеди растојание на гласачите додека чекаат.
На секое избирачко местo задолжително ќе има средства за дезинфекција и корпа за отпадоци со црна кеса.
Членовите на избирачките одбори и сите останати лица на кои им е дозволено да бидат присутни на гласачкото место за време на гласањето и кои го следат гласањето, задолжително да ги почитуваат општите заштитни превентивни мерки и препораки:
– Од моментот на влегување на гласачкото место, за време на гласањето и по завршување на истото, при извршување на работата и работните активности на лицата, да се носат заштитни маски,
– членовите на ИО ја менуваат заштитната маска на секои 4 (четири) часа,
– задолжително одржување на физичка дистанца од 1,5 до 2 метра во текот на целиот процес,
– задолжително често миење на раце или дезинфкција во текот на изборниот процес.
Членовите на избирачките одбори и сите лица на кои им е дозволено да бидат присутни при отварањето на гласачките кутии и сумирање на резултатите, потребно е:
– Да носат заштитни маски без разлика на физичката дистанца.
– Задолжително одржување на физичка дистанца од 1,5 до 2 метра во текот на целиот процес.