Во Охрид денеска ќе биде реализирана демонстрација на заедничка Оперативно-тактичка вежба „ХАРПУН 2022” од страна на припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од Република Северна Македонија и Специјалниот одред за борба против тероризмот од МВР на Република Бугарија, во содејство со Одделот за воздухопловни единици при МВР на Македонија.
Вежбата, најавија од МВР, ќе се одржи на крајбрежјето на Охридското Езеро, до Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро”.
Ова е втора заедничка вежба од ваков вид за оваа година, по вежбата што се одржа во јуни 2022 година во Софија.
На вежбата, соопштија од МВР, ќе присуствуваат високи делегации од двете министерства, предводени од министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски и заменик министерот за внатрешни работи на Република Бугарија, Венцислав Катинов.