среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев бега од дебата со Мицкоски: Дали бара оправдување поради страв од дебакл?!

Заев бега од дебата со Мицкоски: Дали бара оправдување поради страв од дебакл?!

По вчерашниот повик на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој му порача на премиерот, Зоран Заев, да избере место и време за телевизиски дуел, од Владата за „Фокус“ велат дека Мицкоски прво треба да им одговори на граѓаните која алтернатива им ја нуди, во замена за членство на Македонија во ЕУ и НАТО, па дури потоа би имал ТВ дуел со премиерот Зоран Заев, нешто што во политичките кулоари се толкува како барање изговор за да се избегне тв дуелот.

„Дуел со опозицискиот лидер Мицкоски никогаш не бил доведен во прашање. Премиерот Заев е подготвен во кое било време за телевизиско соочување со Христијан Мицкоски. Но тоа што најпрво треба да го направи Мицкоски е конечно, на граѓаните кои што од него чекаат одговор повеќе од една година, да им одговори на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција“. И дополнително да појасни кој е неговиот став и неговата алтерантива којашто им ја нуди на граѓаните за влез во НАТО и ЕУ“, изјавиле од Владата за „Фокус“.

Најнови вести