вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев и Анѓушев ќе остават 13.000 работници на улица со измените на Законот за минерални суровини

Заев и Анѓушев ќе остават 13.000 работници на улица со измените на Законот за минерални суровини

Клуч на врата на рудниците низ земјава им се заканува поради најновите измени на Законот за минерални суровини . Без работа би останале речиси 13 илјади вработени во овој сектор – алармираат од Асоцијацијата на рударство. Државата ќе треба да плати 3 милијарди евра оштета за измени во законот за минерални суровини.

Законот кој веќе се наоѓа во собраниска процедура забранува користење на цијаниди во производството, алтернативно решение не постои, па поради тоа нема да може да се испорача крајниот производ. Од Асоцијацијата на рударство велат дека тоа ќе значи затворање на Злетово, Тораница и Саса. Тврдат дека цијанидите се употребуваат во количини кои не се штетни за луѓето и животната средина.

Предлог измените во законот за минерални суровини кои СДСМ ги турка во Собрание по брза постапка, се закана за функционирањето на рудниците, кои ќе треба да ги затворат своите копови и истовремено да остават 13.000 работници на улица.

Додека државата ќе треба да плати и до 3  милијарди евра оштета за раскин наа договорите на концесионерите.   Дали државата и граѓаните се жртва не нечии бизнис интереси?  Кој има полза од ваков штетен закон?, се прашањата кои провејуваат во јавноста.

– Ако се донесе овој закон и ако се забранат опасните супстанци цијаниди и сулфурна киселина, тоа ќе придонесе до неможност да се произведува конечен производ. Во таков случај преземените взаемни обврски на страните во концесискиот договор нема да бидат испочитувани и таквиот договор треба да се раскине, изјави Максим Прохоров- директор за инвестиции- Рудник САСА од денешната пресконференција од Стопанската комора на Македонија.

Тој дополнително истакна дека сите рудници работат со договори за концесија, кај што договорот е облигационен, државата од една страна, концесионерот од друга страна. Ако една од страните не ги исполнува условите на договорот, тогаш тој договор веќе не е важечки. Значи во тој случај концесионерот има право на надомест на загубите.

–  Според нашата проценка, штетата која државата во одреден временскио период да го исплати на концесионерот би изнесувало од  1 до 3  милијарди евра.  Ако државата е спремна да отиде во таа насока неземајќи во предвид ниту интересот на 13.000 директно вработени во рударството кои што ќе се остават без работа, ниту сите наши комитенти кои што се над 2000 и 90% од нив се во државата, рече Похоров.

– Еден од предлозите е недоволно објаснет. Но пишува да се брише една точка од поимовите во рударството, да се брише поимот цијаниди. Тоа значи дека неможат да се користат цијаниди, а ние сме свесни дека нашите постоечки рудници за олово и цинк сите користат цијаниди во сосема разредени количини, вели Николај Николов – директор на рудникот Бучим.

Тој дополнително наведува дека исто така пишува да се забрани отворање на нови рудници кои ќе користат сулфурна киселина, цијаниди и други опасни супстанци. Поимот опасни супстанци емногу релативен. Вие сите знаете, ние сите живееме корисстејќи опасни супстанци, вклучувајкќи ги сите детергенти кои ги користиме дома се опасни супстанци, па се живее. Но не се има предвид дека имаме најнови технологии за користење на одредени супстанции итн.

Николов дополнително наведува дека предлогот е чуден, а уште е почудно, тоа што тој нема помината на влада и нема помината јавна расправа, туку е директно даден на Собрание по скратена постапка да се донесе.

Похоров  наведува дека со ваков дискриминирачки закон рударството ќе биде ставено во подредена ситуација со сите други индустриски гранки, вклучително и со земјоделието кои што исто така ги користат овие таканаречени опасни супстанци.

Тој дополнително рече дека секој рудник кој работи во Македонија треба да поседува А интегрирана дозвола. Таа предвидува прописи со кои се предвидува заштита кои онеевозможува негативни влијанија и нивно намалување до бројки кои што се пропишуваат.

– Цијанидот чие забранување се предвидува стои на листата на опасни супстанци на истото место како што и обично моторно масло. Ззначи ако се забранува цијанид, тогаш логично е да се забрани и моторно масло и земјоделието да замре, изјави Похоров.

Која е целта на владата и кој ќе има корист од затворањето на овие рудници, но и истовременото отпуштање на 13.000 работници е прашања на кое јавноста бара одговор. Со овој штетен закон целосно ќе умрат градовите од истокот како М.Каменица, Крива Паланка, Радовиш, Кратово и Пробиштип.

Најнови вести