Претседателот на СДСМ вечерва беше на средби со граѓаните во кумановските населби Гоце Делчев и Диво Насеље како дел од кампањата за вториот круг од локалните избори.
Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија, по прогресивност и секако по обединување и ќе даде пример за целата држава, порача вечерва претседателот на СДСМ Зоран Заев, на средбите со граѓани во кумановските населби Гоце Делчев и Диво Насеље како дел од кампањата за вториот круг од локалните избори.
Заев говореше за досега спроведените проекти во Куманово и побара поддршка за Оливер Илиевски за градоначалник на Куманово.