вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Заев молчи, Ахмети откри кога ќе биде потпишан договорот со Грција

Заев молчи, Ахмети откри кога ќе биде потпишан договорот со Грција

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, во вечерашното интервју за приштинската телевизија Т7, најави дека договорот меѓу Атина и Скопје ќе биде потпишан во сабота.

Договорот ќе го потпишат премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во присуство на највисоки претставници на Европската унија, рече Ахмети, не прецизирајќи каде ќе се случи потпишувањето.

Лидерот на албанската партија која е на власт во македонската Влада рече дека во процесот на преговорите меѓу Скопје и Атина имало неколку опции за името на државата, но дека „Република Северна Македонија“ е конечната која е договорена меѓу двете влади и која ја прифати и албанскиот фактор во земјата.

Најнови вести