Владата ја чека реконструкција а по првичната партиска чистка, ќе се „чисти“ и во министерствата.
Осуммина министри до крајот на месецов ќе министеруваат во Владата на Зоран Заев .а потоа според најавите на премиерот со реконструкцијата на Владата тие ќе бидат сменети .
Исклучок нема да бидат веројатно и кадрите на ДУИ, бидејќи како што потенцираше Заев од Охрид, промени ќе има и на раководни структури во власта и на кадри од другите партии, членки на владејачката коалиција.
Паралелно со владината чистка ќе има и смена на директори на повеќе од дваесет државни јавни претпријатија.