Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев вечерва се на телевизиски дуел во емисијата Само вистина на Канал 5.
Премиерот Заев обидувајќи се да одбрани од обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски поради немање одговорност и оставка за трагедијата во Тетово, му рече на Мицкоски дека е нервозен, на што следуваше одговор од Мицкоски дека е вознемирен бидејќи 14 човечки животи го изгубија животот а тој се уште не ги прифаќа оставките.
-Вознемирен сум, 14 луѓе починаа, изгореа живи, како нема да бидам вознемирен? Вие нели сте вознемирен, го праша Мицкоски и додаде: 14 луѓе живи гореа, а вие не чувствувате одговорност, 14 луѓе живи гореа и вие не ги прифаќате оставките на тие кои што се најодговорни. Епа јас не знам што повеќe.