Премиерот Зоран Заев по денешното рочиште за предметот „Титаник“ изјави дека е разочаран поради бегството на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.
-Како и целнoт народ, така и јас, сме разочарани што сѐ уште не е пронајден и не е приведен. Односно, не е однесен во домашен притвор. Барам веднаш да постапат институциите и да го пронајдат Сашо Мијалков, рече Заев.
Рече дека очекува одговорност од институциите кои затаиле во спроведување на Законот.