Филмот „Ругање со Христа“ на режисерот Јани Бојаџи ја освои наградата за иновација на филмскиот фестивал во Монтреал. Филмот е во француско-македонска и грчка копродукција.
Додека режисерот на Македонскиот филм „Ругање на Христа“ на Јани Бојаџи во Монтреал добивал престижна награда од фимското жири, од земјава добивал закани од страна на ослободителната армија на Албанците или ОНА за своето авторско дело.
Информирајќи ја јавноста за заканите од УЧК, во обраќањето Бојаџи вели дека соопштението на Министерството за култура кое претходно објави дека филмот е обид сите Албанци да се прогласат за терористи, е вовед во фашизам и цензура.
-Министерството за култура со своето соопштение повикува на насилство и терор врз мене како уметник и насилство и терор врз филмот „Ругање со Христос“ како уметност, смета режисерот кој пред да се даде оценка за филмот препорачува тој да се изгледа целиот.
И премиерот Заев се согласува дека филмот шири говор на омраза против Албанците. Тој не го гледал филмот, но така му било пренесено од неговите соработници. Од истите институции кои што се под негова команда, а го испратија филмот во Монтреал, сега бара да ја запрат поддршката за филмот од актуелната влада.
Пред два дена во изјава за ТВ Алфа режисерот Бојаџи се заблагодари на директорот на филмскиот фонд за поддршката за филмот.
Министерот за култура, Асаф Адеми, претходно објави дека има забелешки за прикажувањето на војниците на ОНА во филмот као терористи и силувачи, што било оценето според гледањето на трејлерот.
Министерството за култура се огради од филмот и објави дека тој е поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија во 2015 година. Од култура стигна и најава дека во иднина ќе се работи на закон со кој ќе се регулира што не може да биде предмет на филмски и други уметнички остварувања.