Оваа власт очигледно нема интерес да се справи со своите тајкуни, со своите босови кои криминалот го имаат така добро организирано, така добро функционира. Значи може да ви се случи рекет да барате од 250.000 евра за да им ја земете на луѓето работата, а може да се случи да земете милион ипол евра рекет и за тоа, сето так бегло да се помине и да не се потражат кај се парите, кај завршија Луј Витон ташните. Сакам да кажам дека власта и покрај тоа што декларативно секоја вечер излегува и не труе со глупости од типот ние ќе правиме ова, ние ќе правиме она, а досега ништо не видовме од конкретна активност во борбата против корупцијата и борбата против организираниот криминал“,појасни Воислав Зафировски во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Зафировски додаде дека она што министерот за економија го ветуваше дека ќе излезат со конкретни имиња и презимиња, така го завиткаа во обланда, па и министерот за борба против корупција излезе со една таква обланда како се е тоа институциите, ќе се види. Николовски се обиде со путер да замачка.
„Треба да се излезе, и ако сакате вистинска борба против корупцијата и против организираниот криминал, секој човек си има свое име и презиме, секоја фирма си има свој титулар, секоја фирма си има раководно лице во неа. Треба да се излезе со имиња и со презимиња, доста се мачкаме со путер до сега“, нагласи Зафировски.
Зафировски посочи дека доста власта кажуваше приказни за мали деца, веќе ниеден граѓанин на оваа власт не и верува.