недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Зафировски: Мицкоски направи голем исчекор со барање за тет-а-тет средба со Заев, попис во ек на КОВИД-19 не треба да има

Зафировски: Мицкоски направи голем исчекор со барање за тет-а-тет средба со Заев, попис во ек на КОВИД-19 не треба да има

„Ова што го понуди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека сака да седне тет-а-тет со каков и да е сегашниот сепак е премиер на оваа држава да разговараат и да приговараат за сите болни прашања кои што нас не засегаат, и тоа е еден голем исчекор за да ставиме крај на се ова што се случува. И мора да се стави крај. Да не говориме за пописот кој што власта сака да го тера во пикот на третиот бран, да се прави попис. Да треба попис, но попис кој што ќе биде релевантен, да за попис кој што ќе ни донесе податоци од кои што ќе може да се креира како здравствени така и економски и социјални политики“, рече Оливер Зафировски, доктор и член во Комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ во гостување за радио „Лидер“.

Зафировски додаде дека комисијата не може да ги попише луѓето кои што имаат симптоми на КОВИД-19. Што би значело ако некој што е попишувач, знаејќи дека не се имунизирани и има контакт со заболено лице од КОВИД-19, тоа значи дека ќе се создаде кластер на заразени попишувачи и попишувани граѓани.

„Дури имаше еден слушател се јавува на утринска програма и вели со право дека нема да дозволи да прими попишувачи бидејќи има мало шестмесечно бебе, за кои што не знае кога доаѓаат и во која фаза се на некои инфекции и се неимунизирани. Ова значи отворање на нов кластер попис кој што многу, многу ќе допринесе да се зголеми бројот на новозаразени од КОВИД-19“, истакна Зафировски.

Зафировски посочи дека не може да се доведе здравјето на граѓаните во прашање поради некој хир на власта.

„Не може попис да има кога пикот на третиот бран баш се очекува во април, ова е нон сенс, и е крајно непрофесионално да се направи таков попис кој што на крај или ќе биде прекинат или нема да се заврши, или пак ќе биде нерелевантен за било каков податок кој што би бил користен, и за општо добро на сите нас“, појасни Зафировски.

Најнови вести