петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зафировски: Протестите на опозицијата се оправдани и се превентивни, Заев не може да го обезличи македонскиот народ, јазик и историја

Зафировски: Протестите на опозицијата се оправдани и се превентивни, Заев не може да го обезличи македонскиот народ, јазик и историја

„Протестите на опозицијата се оправдани и се превентивни. Превентивни во насока на тоа да се укаже на власта дека не смее да се игра со основните постулати на кои почива оваа држава. Република Македонија е Република од 1944 со Повелбата на АСНОМ. Не може никој да каже дека не сме биле Македонци до 1944. Има историски документи, има многу голема историска граѓа во која се вели кои сме, што сме, каков јазик зборуваме и тука идентитетот едноставно не е прашање со кој можеме да се пазариме“, истакна Воислав Зафировски во „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Зафировски додаде дека имаше една изјава на Заев каде што вели дека јазикот ни е бетониран македонски и дека од тоа нема отстапување. Има една многу битна работа која Заев ја заборава или не ја научил, а тоа е дека јазикот никогаш не оди сам, јазикот оди заедно со културата, со фолклорот, со историјата, со културно историското наследство на народот.

„И сега наеднаш јазикот ни е бродот со кој пловиме кон Европа, а добро културата, историјата, од тоа се откажа. Тоа е фаќање на давеник за сламка каде што повеќе од сигурно е дека сламката не може да му помогне, да го спаси од давењето“, појасни Зафировски за Заев дека е давеникот.

Зафировски нагласи дека не може да се прифати политички декрет со кој се обезличува македонскиот народ, државата, јазикот, култура и историја. Политичкиот декрет на Бугарите може да им важи само за интерна употреба, а ако Европа тоа го прифати тогаш таква Европа на Македонија не и треба.

„Треба да бидеме јасни и гласни во определбата и да кажеме во таква Европа не сакаме да одиме“, рече Зафировски.

Најнови вести