„Многу се зборуваше овие денови за тој пазар и особено за отворањето на случајот „Монструм“, затворањето на „Диво Насеље“, „Алфа“ итн. мислам дека и реакцијата за првпат реакцијата на Републичкиот судски совет говори дека им дошло преку глава. Ова е повеќе од евидентно дека политиката има пуштено длабоки корења во правосудниот систем. Ова повеќе од јасно говори дека политиката договара што ќе се случува и како ќе се одвиваат работите во одредени предметни случаи“,истакна Воислав Зафировски во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.
Зафировски додаде дека кога тој би бил на местото на Гаши би инсистирал на одговорност за сообраќајката во Ласкарци 2019-та година тука 16-мина загинаа, би инсистирал на одговорност за изгорената модуларна болница во Тетово каде што загинаа 14 лица, би барал одговорност за тоа што живи изгореа 45 луѓе во Струма.
„А, да се отвораат затворени случаи кои ги поминале сите судски инстанци во Република Македонија, па дури и некои два пати, а тоа е случајот со „Монструм“, тоа е апсолутно неприфатливо. Тоа на студент на правниот факултет му е јасно дека е неизводливо да се отвора по трет пат таков случај, јасни се законите, јасни се принципите на кој начин може да се отвори одреден случај“, укажа Зафировски.
Зафировски посочи дека штом еднаш е пресуден еден случај тогаш е завршена работата.