петок, 23. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Зафировски: Вакцинирањето во други држави покажува колку лошо се менаџира со оваа пандемија и колку е неспособна оваа Влада

Зафировски: Вакцинирањето во други држави покажува колку лошо се менаџира со оваа пандемија и колку е неспособна оваа Влада

„Вакцината се посебна приказна, која што веќе четири месеци се најавува дека ќе имаме вакцини. Ако ги гледате изјавите на министерот Филипче, ќе видите како секоја недела кажува само што не се дојдени, за пет дена ќе дојдат, за десет дена ќе дојдат, ќе дојдат вакцините на „Фајзер“, ќе дојдат руските, ќе дојдат кинеските вакцини. Но како што гледате се ближи и Велигден и ние ништо нема да видиме од тие вакцини. Срамно е наши граѓани да одат надвор од државата и да бараат вакцини“,рече Оливер Зафировски, доктор и член во Комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ во гостување за радио „Лидер“.

Зафировски додаде дека граѓаните по социјалните мрежи се мајтапат со министерот и велат дека посочил датум ама година на пристигнување на вакцини не. Значи, само знаеме на 28-ми март, во осум часот ќе дојдат вакцините на „АстраЗенека“.

„Тажно е што наши граѓани се вакцинираат во друга држава. Власта цело време ветува европско здравство, најдобри вакцини за вашите деца, ќе можете да користите услуги на европски центри и од сето тоа нема ништо. И поради неспособноста на оваа власт, ние сега одиме во Србија да се вакцинираме, да се вакцинираат здравствените работници и сите останати кои имаат потреба од вакцина. Значи тоа само покажува колку лошо се менаџира со оваа пандемија и колку е неспособна оваа Влада“, појасни Зафировски.

Зафировски посочи дека министерот е одговорен за вакцините и начинот на кој што треба да пристигнат во државата. Дури и заменик министерот за здравство посочи дека единствен одговорен за набавката и самите скандали околу вакцините е Филипче. Не може да се оди на купување на вакцини преку некои посредници или некои фантом фирми. Секаде се знае дека вакцините може да ги набави само државата, не се соработува со компании, со трговски друштва и се останато. Значи, тоа само покажува дека овие луѓе не знаат основни правила во водење на министерство за здравство, во водење на набавка на вакцини.

 

Најнови вести