недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Загина на неполни 24 години: Одбележани 80 години од смртта на првоборецот Иљо Антески Смок

Загина на неполни 24 години: Одбележани 80 години од смртта на првоборецот Иљо Антески Смок

Во Тетово денеска беа одбележани 80 години од загинувањето на првоборецот Иљо Антески-Смок. Одбележувањето се одржи пред неговиот споменик во населбата Два бреста каде повеќе делегации положија букети цвеќе, а беше одржан и историски час за неговото дело и лик.

-Иљо Антески Смок загина на неполни 24 години и немаше можност и среќа да ја почувствува и да ја дочека слободата во која толку многу веруваше.Тој како член на Мавровско-гостиварскиот одред во април 1943 во битката кај Ново Село, Гостиварско бил заробен заедно со 12 други соборци од балистичките одреди кои служеле на италијанскиот окупатор. Подоцна фашистите го осудуваат на смрт, а на денешен датум 17 мај во 1943 година Иљо е обесен. При бесењето извикува „Смрт на фашизмот-слобода на народот“ и самиот го поттурнува столчето за да биде обесен-истакна Јоцко Димитриевски, од општинската организација на Сојузот на борци Тетово кои го организираа настанот.

Во Тирана покрај Иљо Антески Смок, италијанските фашисти осудиле на смрт и обесиле уште петмина други негови соборци Душко Поповиќ, Раде Угриновски, Христо Оџаклиески, Драги Тодоровски и Трифко Андоновски. (МИА)

Најнови вести