Загрижувачки информации од месечните билтети на Институтот за јавно здравје.
Во текот на месеци март, пријавени се 8 нови случаи на ХИВ/СИДА. Пријавените лица се од машки пол, а во однос на возраста, 5 лица се од возрасната група од 20-29, и по еден случај се од 30-39 и 40-49 години.
Според местото на живеење на пријавените лица, четири се од Скопје, по два се од Неготино, а по еден од Прилеп и Делчево.
Сите новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА, во текот на овој месец, се припадници на МСМ популацијата Согласно евиденцијата на пријавените случаи (заклучно со 31.03.2018), кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА за периодот 1987–2018 изнесува 370. Од вкупниот број на регистрирани:
• лица болни од СИДА се 186
• ХИВ позитивни лица се 184.
Од вкупниот број на досега регистрирани случаи:
• 84 лица починале, а
• 286 лица живеат со ХИВ/СИДА.