Додека локалната власт и научната фела бараат решенија – на терен се уште е алармантна ситуацијата со водостојот на Преспанското езеро кое загуби големи количини вода периодов.
Професорот Здравко Крстаноски некогашен прв човек на охридскиот Хидробиолошки завод се согласува дека пресушувањето на крабрејжните делови и загубата од неколку метри во висина и должина е поради недостигот на врнежи но најголем удел вели има човечкиот фактор кој ги експлоатира природните ресурси. Водата според Крстаноски ја голтаат кинеските пумпи поставени на три страни во езерото.
Во меѓувреме професорот резимира дека ништо подобра не е ситуацијата и со другите природни и вештачки басени во земјава. Дождот во ваква ситуација според Крстаноски не е решение, потребни се големи количини на снег за да се надополнат загубите, но потребна е и регулација на испустот на вода како кај Преспанското, така и кај Охридското езеро.
Според последните мерења водата во Преспанското езеро е повлечена за нешто повеќе од три метри во висина, а во должина зависно од локациите водата се повлекла за од 20 до 200 метри.
Со намален водостој се соочува и Охридското езеро, но и вештачките Дебарско, Мавровско Тиквешко и Козјак. Надлежните велат состојбата будно се следи.
Извор 24МК