петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Загрижувачко: Голем дел од македонските граѓани не можат финансиски да си ги задоволат ниту основните потреби

Загрижувачко: Голем дел од македонските граѓани не можат финансиски да си ги задоволат ниту основните потреби

На едно четиричлено семејство во март оваа година му биле потребни минимум 32.941 денар за да ги задоволи основните потреби.

Според минималната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, најмногу пари или 13.888 денари биле потребни за храна, додека за комунални трошоци и покуќнина требало да се одвојат минимум 10.421 денари.

За лична хигиена и за хигиена на домот на едно семејство му биле потребни минимум 2.355 денари, а за превоз 2.363 денари. За облека и обувки биле потребни 2.136 денари, за културни активности 1.066 денари, а за здравје 708 денари.

Овие трошоци, за жал, не можат да си ги дозволат огромен број на македонски граѓани кои живеат во сиромаштија. Четиричлено семејство во кое само еден родител е вработен, а има две деца оваа минимална кошница не може да си ја дозволи.

Голем број на семејства месецот го поминуваат со сума далеку помала од оваа, посочена за основни потреби.

Најнови вести