Поранешната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, денеска е дел до бугарската делегација на откривањето на Културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола.
Захариева за медиуми кажа дека сите политичари треба да имаат една цел – правата на Бугарите во Северна Македонија, напоменувајќи дека граѓаните на Северна Македонија во Бугарија имаат подеднакви права со Бугарите.
„Да покажеме на граѓаните кои се тука и кои ни веруваат, дека основната задача на сите политичари ќе биде правата на Бугарите, и дека Северна Макеоднија ќе станат дел од ЕУ. Се радувам што сум тука на откривање на овој центар. Фактот што сме тука е добар знак, пред нас има многу работа“, рече Захариева и додаде:
„Немаат права Бугарите, има многу жалби за дискриминација. Властите создаваат тешкотии. Последен пример е автомобилите со бугарски таблици. Граѓаните на Северна Македонија кои живеат во Бугарија, ги имаат сите права како и Бугарите“, дополни Захариева.