ВЕЧНА МУ СЛАВА НА СИНИША СТОИЛОВ, ЗАГИНАТ ЗА СЛОБОДАТА НА МАКЕДОНИЈА!
Попладнево, на покана на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, бев во Зрновци на чествувањето на денот на смртта на Синиша Стоилов, загинат бранител од воениот конфликт во 2001 година. Тој бил капетан на АРМ, и животот го дал за слободата на Македонија. Во името на ВМРО – ДПМНЕ заедно со колегата пратеник Миле Лефков, членот на ИК Драган Ковачки, претседателот на ОК Борчо Коцев и градоначалникот Блаже Станков, положивме свежо цвеќе и оддадовме почит!
Нека му е вечна слава!