Собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска на седница треба да го разгледа Предлог-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.
На дневен ред се и предлозите за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации и на Законот за животната средина, како и Предлог годишна програма за работа и развој и Предлог годишен финансиски план на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2021 година.