Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог – законот за нуспроизводи од животинско потекло, предложен од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
-Целта на овој закон е обезбедување високо ниво на заштита на јавното здравје и здравјето на животните, како и заштита на безбедноста на ланецот на храната и храната за животните. Со законот, според посоченото од ресорното министерство, се уредува постапувањето со нуспроизводите од животинско потекло и производи добиени од нив преку утврдување на начинот на собирањето, транспортот, отстранувањето, постапката, преработката, обработката, претварањето, складирањето, ставањето во промет, дистрибуцијата, употребата и нештетното отстранување на нуспроизводите од животинско потекло и производите добиени од нив, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Со законот се врши усогласување со регулативата на ЕУ. (МИА)