Заменик директорот на Државниот завод за статистика, Илми Селами вели дека постои стравот кај граѓаните, за во време на пандемија со корона вирусот дома да ги примат попишувачите и тој е разбирлив.
Селами во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија ова го истакна запрашан за стравот на граѓаните со оглед на влошената состојба со вирусот, додавајќи дека сепак Владата и комисијата за Заразни болести донеле протоколи за кошто што може побезбеден процес на попишување.
„Стравот кај граѓаните постои и разбирлив е стравот од пандемијата и од евентуалното заразување“, рече Селами.
Тој исткана дека се додека нема друга одлука, мислејќи на одложување, тие како ДЗС мора да продолжат со реализација на пописот и со одржување на секојдневните активности во овој правец.
-Се додека нема друга одлука од законодавецот, ние мораме да продолжиме со процесот, истакна Селами кој додаде дека една од опциите кои можат да се случат во однос на пописот се негово продолжување со тоа што тој би траел 30 или повеќе дена.