Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ во вчерашната емисија на телевизија 24 најави дека Егејците ќе влегуваат во Уставот на нашата земја.
„Кога ќе го видат предлогот и кога ќе видат дека ништо не е лошо и дека во Уставот на Република Северна Македонија во преамбулата ќе влезат и другите народи кој што поднеле барање, тука не правиме муабет само за Бугарите, туку и за Црногорци, Хрвати, Египќани, Егејците и за многу други кои што ќе поднесат барање“, вели во еден дел Аврамовска Мадиќ.
Заменик министерката за правда Аврамовска Мадиќ го прогласи егејскиот народ како посебен народ кој ќе влезе во Уставот pic.twitter.com/ULLH7YWtYf
— Курир (@KurirMK) May 12, 2023
Дали со оваа изјава заменик министерката за правда егејскиот народ го прогласи како посебен народ и туѓ засега останува нејасно.