четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Замрзнат и џипот што го возеше Рашковски

Замрзнат и џипот што го возеше Рашковски

Oсвен за сметката и имотот на поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, мерка забрана за отуѓување или оптоварување на движни ствари е изречена и за фирмата на третиот осомничен во случајот со набавката на софтверот, која се однесува на луксузниот џип „волво XC 90“ што го возеше Рашковски, објави „360 Степени“.

Патем, џипот е во сопственост на фирмата „ГБЦ системи“, регистрирана за трговија на мало со аудио и видеоопрема, чиј единствен газда е Игор Христов, кој е меѓу осомничените за набавката на софтверот, а според Обвинителството, како надворешен соработник, пренесувал информации за текот на тендерот.

Најнови вести