среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Жан Митрев“ ги намали цените за лекување на ковид пациенти

„Жан Митрев“ ги намали цените за лекување на ковид пациенти

Согласно состанокот одржан со Министерот за здравство Венко Филипче, а со цел да излеземе во пресрет на што поголем број граѓани во оваа тешка ситуација, би сакале да известиме дека почнувајќи од денеска 08.04.2021 година, Клиничката болница Жан Митрев одлучи, да овозможи пакети за лекување КОВИД-19, информираат од приватната болница

Досега пациентите плаќаа 12 000 евра, од сега:
за пациенти кои ќе се лекуваат на полунинтензивна нега, лечење во треање до 10 дена ќе чини 6000 евра; за пациентите на кои им е потребно интензивно лекување, односно се преземени во сериозна здравствена состојба од други институции каде биле претходно хоспитализирани, цената за максимум 10 дневно лекување ќе изнесува 8000 евра. Една хемофилтрација претходно чинеше 4000 евра, сега со намалување од 10%,ќе чини 3600 евра. Оваа метода на лекување, се применува по согласност од страна на семејството на пациентот.

Имајќи ги предвид можните сериозни постковид последици т.е можните компликации по прележана инфекција од вирусот, за сите пациенти кои се лекувале во нашиот КОВИД центар одобруваме 50% намалување на цената на услугите за МР на срце и КТ на белите дробови, се наведува во соопштението.

Од болницата информираат дека капацитетите се во континуитет полни и имаме и листа на чекање.

-Во моментов се хоспитализирани околу 100 тешко болни пациенти од кои 40 на респираторна поддршка. За негата на овие пациенти се грижи комплетниот лекарски тим кој како и сите здравствени работници во државава е веќе преморен. Во процесот на нега во нашата болница се вклучени и дел волонтери од немедицинскиот персонал, со цел да им помогнат на своите колеги. Сепак, за да помогнеме секаде каде што е потребно и можеме, еден од нашите лекари ќе биде прераспределен согласно барањата на Министерот за здравство. Оваа прилика ја користиме за да апелираме до пошироката јавност и да ги повикаме сите оние кои се чувствуваат способни да помогнат и би сакале да волонтираат, да се пријават. Ќе бидат соодветно едуцирани и вклучени во нашите процеси. Искрено се надеваме дека наскоро на пандемијата ќе и дојде крајот, а во меѓувреме потребно е сите да останеме максимално дисциплинирани, посветени и да се вложиме како поединцни во справувањето со последиците за доброто на сите, се наведува во соопштението.

Најнови вести