Во Обвинителството е повикан д-р Жан Митрев кој е на распит кај обвинителот Гаврил Бубевски кој го води предметот, објави Фактор.
-Жан Митрев е повикан на распит во обвинителството на распит за одредени околности за предметот кој го води обвинителството, односно ОЈО Скопје по допрен глас од јавноста, потврдиле од Обвинителството.
Како што е познато, обвинителството отвори предмет, по емисијата Нечиста крв за наводни неправилности во таа приватна болница поврзани со лекување на пациенти.