среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Започнува мониторингот на изборното медиумското известување на радиодифузерите

Започнува мониторингот на изборното медиумското известување на радиодифузерите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес започнува со мониторингот на изборното медиумско известување на радиодифузерите. Мониторингот ќе се спроведува согласно Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси од 7.02.2019 година.

Сите телевизии и радија кои ќе емитуваат платено политичко рекламирање за време на изборната кампања, се должни во рок од пет дена од денот на распишување на изборите да ги утврдат и достават ценовниците, во кои цената по секунда за платено политичко рекламирање нема да ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните 3 месеци, пред денот на распишување на изборите.

Ценовниците треба да се достават до Агенцијата, Државната изборна комисија, Државниот завод за ревизија и до Државната комисија за спречување на корупцијата.

Според Изборниот законик, радиодифузерите се должни до започнување на изборната кампања најмалку двапати да ги објават ценовниците за платено политичко рекламирање на своите програми. За време на изборниот процес не е дозволена промена на ценовниците.

На веб страницата на Агенцијата, поставен е посебен банер посветен на Изборите 2019 година, во кој можат да се погледнат Изборниот законик, Методологијата за мониторинг и линкот до формуларот за претставки за сите граѓани и правни субјекти кои имаат забелешки на известувањето на медиумите.

Овде Агенцијата ќе ги објавува и извештаите од сите констатирани прекршувања на Изборниот законик врз основа на кои ќе бидат поведени прекршочни постапки пред надлежните судови. Освен на македонски јазик, овој банер функционира и на албански и на англиски јазик.

Најнови вести