среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Запознајте ја Вера – девојката борец, единствената ученичка со попреченост во гимназијата „Орце Николов“

Запознајте ја Вера – девојката борец, единствената ученичка со попреченост во гимназијата „Орце Николов“

Неколку минути пред  13 часот во училишниот двор на скопската гимназија „Орце Николов“  во Скопје , звукот од тркалата на училишната торба го најавува доаѓањето на девојката со убаво бело лице и сини очи. Вера Апостоловска има 17 години и е втора година во гимназија. Во ова училиште таа е единствената ученичка со попречености.

Нејзината сторија ја пренесува телевизија СИТЕЛ.

Покрај проблемите коишто се појавуваат со моториката, Вера е активно вклучена во редовниот образовен систем со помош на асистивната технологија што многу и помага на училиште.

Иако навидум се разликува од своите врсници, таа се едуцирала во редовно училиште и во учењето не заостанувала зад своите врсници. Вели дека многу сака да спортува, пешачи и вози велосипед, а ги совладала и сите предизвици на модерната технологија. Насмеана и со ведар дух, Вера е амбициозна тинејџерка со големи планови за иднината.

Вера умее да работи на компјутер, пребарува на Интернет, се дружи, гледа спорт, сака мода како и секоја девојка. Или, Вера денес живее исто како и нејзините врсници.

Видеото на СИТЕЛ погледнете го во продолжение

Најнови вести