петок, 3. мај 2024. Вести денес: 0
home Вести

Засилени контроли, фрчат казни: 66 возачи удрени по џеб на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница

Засилени контроли, фрчат казни: 66 возачи удрени по џеб на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница

Денеска (20.06.) од 14 до 20 часот Мобилната единица за безбедност во сообраќајот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Скопје-Велес и скопската обиколница, при што санкционирани се 66 возачи.

62 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а 17 за дури над 70 километри на час над дозволената. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.

Најнови вести