петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Застаре делото на Бучковски, пресврт во судењето за „Тенковски делови“

Застаре делото на Бучковски, пресврт во судењето за „Тенковски делови“

Застарува делото на поранешниот премиер Владо Бучковски во предметот „Тенковски делови“ за злоупотреба на функцијата при набавка на резервни делови за армиските тенкови, и тоа преку пресврт во судењето.

-На денешното рочиште по предметот „Тенковски делови” јавниот обвинител во завршен збор изврши прецизирање на обвинителен акт, по што настапи застареност на кривичното гонење. Одбраната сепак побара да даде завршен збор на следното рочиште кое се закажа за ден 22.11.2019 година во 13:30 часот, информираат од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Најнови вести