Два месеци владее застој во градежните работи за експресниот пат Градско-Прилеп. Тука не се работи ништо, а роковите најавени се ближат.
Како е планирано овој пат да биде готов за една година, не е јасно, бидејќи состојбата покажува дека овде ништо не „мрда“.
Должината на патот е 33 километри. Вредноста на проектот е 63 милиони евра кои треба да се трошат односно вложуваат во изградбата, која веќе два месеци не се случува.
Предвидено е изградба во три делници.
Првата делница Градско-Дреново треба да биде со должина од 16 километри. За овој дел, вредноста на проектот е 23 милиони евра обезбедени од ИПА 2 програмата на ЕУ.
Краен рок на изработка средина 2020 година. Од фотографиите кои ги објавуваме, лесно може да се процени дека роковите се газат, а наместо градежни работи, не се случува ништо.
Втората делница Фарисх-Дреново има должина од 10 километри и вредност на делницата 31.8 милиони евра пари обезбедени од Европската банка.
Трета делница Село Беловодица- Каменолом Маврово. Проширување со трета лента во должина од 7.5 километри и вредност на проектот 5 милиони евра средства обезбедени од ИПА фондовите. Оваа делница, според состојбата на терен, не е ни започната.
Власта треба да одговори дали најавите на Сугарески и Китановски дека целиот пат ќе биде завршен до средината на 2020-та година, пропаѓаат во вода.