Четиригодишниот Алмир Алиу од Куманово пред неколку години на нечовечки начин беше убиен од страна на Бобан Илиќ, додека ова е документирано и со видеа.
Првично, Илиќ беше обвинет за „Убиство со умисла“, но откако Обвинителството достави две нови вештачења, кумановскиот суд го преквалификуваше делото во „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Новинарот, Аријан Керими, објави фотографија со која открива дека таткото на Илиќ е член на СДСМ: “Дали ви е јасно? Таткото на убиецот, монструмот и терорист Бобан Илиќ”.
Во меѓувреме, новинарот Керими објави уште една нова слика, на која што таткото на монструозниот убиец, Бобан Илиќ, е заедно со градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски, со командант на полицијата, Стојанче Величковски и со други членови на МВР.
Овие слики предизвикаа бројни реакции во јавноста.
Во врска со овој случај реагираше и новинарот Емад Мехмети, кој меѓу другото пишува: “Дали мислите дека овие слики со лица од СДСМ се случајни, особено кога се знае дека случајот на Алмир се преквалификува од убиство со “умисла” во “ненамерно” убиство?! #ПравдаЗаАлмир. Правдата не треба да прави разлики по однос на презимињата – ако целта ни е #ЖивотЗаСите!
Активистот на граѓанското општество, Арјанит Џафери, иронично пишува дека Заев треба да го ослободи Илиќ од затвор, и да го постави за “специјален советник за безбедност во сообраќајот”.