Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека нападот врз Гордана Јанкуловска е одвратен сексистички напад.
-Поддржувачите на политиките и тиранијата на Зоран Заев повторно со сексистички удар врз жените од ВМРО-ДПМНЕ!
Блаже Јосифовски, инаку Претседател на организацијата ,,Сите Сити’’, се претставува како човек кој се грижи за секое семејство да има храна на трпеза, но јавно напаѓа жена, мајка на мало дете и се СИТИ врз нејзината тортура и неправедната разделба од нејзиното чедо!
Ова е ОДВРАТЕН сексистички напад врз Гордана Јанкулоска! Крајно недостоинствено е еден маж да инсуинира зошто една жена имала или немала деца и зошто и како решила да ги има во било кој период од нејзиниот живот! Згрозена сум, пред се од неговиот речник, од неговата постапка и дрскост да напише ваков одвратен и недоличен коментар!
Позицијата која ја има воопшто не му доликува и најдобро е да си замине од истата наместо лицемерно да лаже дека се залага за тоа секој да има храна на својата трпеза кога единственото нешто со кое тој се СИТИ е несреќата на другите!
* Господинот кукавички го избришал коментарот после 2 минути од објавувањето, ама ние сме побрзи!, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.
Поддржувачите на политиките и тиранијата на Зоран Заев повторно со сексистички удар врз жените од ВМРО-ДПМНЕ!
Блаже…
Posted by Лилјана Затуроска – Генерален Секретар на Унија на Жени на ВМРО – ДПМНЕ on Saturday, September 19, 2020