недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Затуроска до СДСМ: Ниеден амандман кој произлегува од реалните проблеми на граѓаните не го прифативте

Затуроска до СДСМ: Ниеден амандман кој произлегува од реалните проблеми на граѓаните не го прифативте

Со амандманот предлагаме да се обезбедат средства во висина од 65 милиони денари за довршување на колекторскиот систем Радожда – Струга. Со цел на затворање на колекторскиот систем од неговата западна страна, појасни Лилјана Затуроска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет.

Исто така Затуроска посочи дека очекувала дека министерот ќе даде една поголема елаборација за затоа зошто не го прифаќа овој амандман кој што е од исклучително значење за заштита на Охридското езеро. Во овие неколку дена од амандманската расправа сите амандмани кои што се предложени од колегите произлегуваат од реалните проблеми кои што ги имаат граѓаните на терен. Ниеден амандман како што гледате не е на памет поднесен, така да можда во иднина ќе треба една пракса да воспоставите кога ќе го креирате буџетот за наредната година претходно да повикате пратеници да ви ги дадат реалните проблеми и проекти, амандмани кои што сакаме на ваков начин да ги издејствуваме.

Најнови вести