Лилјана Затуроска на денешната собраниска расправа за ребаланс за буџет кажа дека е важно каква порака ќе испратат тие како пратеници пред граѓаните кога амандмани коишто се однесуваат за граѓани кадешто од исто место доаѓаат, исти пратеници едните кажуваат едно, другите критикуваат.
-Мојата колешка Честојнова бара асфалтирање на патишта во Неготино , Реџел бараше асфалтирање на патишта во Чаир. Но, амандманот на Реџел е прифатен, а амандманот на колешката е одбиеан и вие наместо на тоа да реагирате и да допринесете навистина да се овозможат средствата којшто ќе одат во прилог на граѓаните од Неготино, вие станувате и критикувате и ќе гласате против и убедувате дека не е потребно тоа да се направи. Тоа е парадоксалната ситуација , важна е поддршката која треба да ја имаме еден кон друг кога се работи за работи и за потребите на граѓаните, му потенцираше Затуроска на пратенкот Ристе Ташев.
Затуроска во своето обраќање му посочи на Ташев дека со ова излегува дека вие сте деградирани.
-Па уште излегувата и кажувате дека не е важно дека со бекатон ќе се бетонира.Па вие во програмата кажувавте за асфалтиање, а не за бекатонирање на улиците.Тоа е големо разлика. Ајде да ги земеме ставките за сфалтирање, за бекатони . Тогаше излегува дека сте ги излажале граѓаните, додаде Затуроска.