Многу чудни работи се случуваат со веб страната на ДИК за објавените резултати, вели Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ.
При обид за проверка на достапност на електронскиот внес на резултатите, страната од ДИК паѓа на секои две минути со тоа што кога страната е моментално достапна може да видиме дека објавените електронски резултати се третирани како неофицијални првични, но позадински варијаблата која ја користат програмерите е заведена како неважечки податоци, пишува на својата Фејсбук страница Лилјана Затуроска, генерален Секретар на Унија на Жени на ВМРО – ДПМНЕ.
Дали некој свесно предвреме знаел дека овие податоци ќе бидат неважечки и лажни?!