четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Затуроска: Ноншалантноста на Власта кон сериозноста на ситуацијата со коронавирусот придонесе до неконтролирано ескалирање на ситуацијата

Затуроска: Ноншалантноста на Власта кон сериозноста на ситуацијата со коронавирусот придонесе до неконтролирано ескалирање на ситуацијата

Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека ноншалантноста на Власта кон сериозноста на ситуацијата и големата закана кон македонските граѓани уште од самиот почеток на кризата во Македонија, како и нивното PR менаџирање на кризата со корона вирусот придонесе до неконтролирано ескалирање на ситуацијата.

-Ноншалантноста на Власта кон сериозноста на ситуацијата и големата закана кон македонските граѓани уште од самиот почеток на кризата во Македонија, како и нивното PR менаџирање на кризата со корона вирусот придонесе до неконтролирано ескалирање на ситуацијата.
Наместо подобрување на ситуацијата и намалување на бројот на заболени ја имаме обратната ситуација во два македонски градови, Куманово и Прилеп, која се должи на задоцнета реакција и несериозниот пристап на Власта.
Дали истото ги очекува сите останати градови во Македонија?
Наместо да се фокусираат на реално решавање на кризата и нејзините последици врз здравјето и финансиите на граѓаните тие земаа улоги на портпароли на СДС и Заев глумејќи светци фалејќи се дека “блескаме” во секоја област, па дури и при решавање на кризата.
Со пресови и Facebook фалење не се постигнуваат резултати, туку само со вистинска работа и посветеност!
Власта на СДС фрапантно ја злоупотребува вонредната состојба само за исполнување на свои лични цели и интереси, преку која носи непотребни законски уредби целосно неповрзани со кризата. Предупредивме дека ова ќе се случи и гледаме дека се случува, затоа баравме прогласување на кризна наместо вонредна состојба уште од самиот почеток. Законот за управување со кризи овозможува алатки за целосно правилно контролирање и менаџирање на ситуацијата, без да се сензационализира наводното работење на елитата на Власт преку блескав PR.
Наместо да правите сензации, фатете се за работа! Недолжни граѓани се заразени заради вашата несериозност и непочитување на правилата!
Дали некој ќе поднесе одговорност за новонастанатата ситуација и сензационалистирачкото менаџирање на кризата?, прашува Затуроска во својот статус.

Liljana Zaturoska: Ноншалантноста на Власта кон сериозноста на ситуацијата и големата закана кон македонските граѓани…

Gepostet von Лилјана Затуроска – Генерален Секретар на Унија на Жени на ВМРО – ДПМНЕ am Donnerstag, 16. April 2020

 

Најнови вести