Пратеничката Лилјана Затуроска при заседавање на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека во текот на седниците на Комисијата се забележани двојни аршини во однос на амандмани кои се предлагаат од власта, а се исти што ги предлага и опозицијата.
-Има различни аршини кога се работи за амандман кој што е предложен од страна на позицијата и амандмани кои што се во ист контекст, а се предлагаат од опозицијата. Почитуван заменик министер пред два дена имав исто барање, меѓутоа се однесуваше не за Бутел туку се однесуваше конкретно за Струга. И ако сакате да ги извадиме стенограмите, за да видиме како на кој начин Вие ми одговоривте во тој дел, нагласи Затуроска.
Затуроска додаде дека заменик министерот и рекол дека тоа е во надлежност на локалната самоуправа, а ако се работи за регионален пат тоа било во надлежност на Агенцијата за државни патишта.
-Па Ве молам од каде Вие сега најдовте средства за да може без знаење на Агенцијата за државни патишта, ако се работи за регионални патишта, или без знаење на градоначалникот од Бутел доколку се работи за локални патишта. За да Вие обезбедите средства со ребалансот и да излезете во пресрет на колеги пратеници кои што поднесуваат амандман со исто барање, различна содржина, но контекстот е ист. Наместо за локални патчиња во Струга, се бара асфалтирање на локални патчиња во Бутел, нагласи Затуроска.