недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Затуроска: Со новиот Предлог закон за урбанистичкото планирање урбаната мафија ќе цвета

Затуроска: Со новиот Предлог закон за урбанистичкото планирање урбаната мафија ќе цвета

Можноста Владата да изработува Детални урбанистички планови е надвор од секоја логика. Да се донесе закон каде не се почитуваат начелата врз кои што истиот се потпира исто така е непринципиелно. Генерален урбанистички план да се носи без јавна расправа и без анкета и тоа е преседан. Неусогласеноста на законското решение со други законски решенија, Законот за зеленило, Законот за природа,законот за културно наследство итн и тоа е несоодветно. Критериумите за една градежно земјиште или парцела го нема во законското решение и тоа се сака да се донесуваат со подзаконски акти кои што ги донесува министерот за транспорт и врски што претставува уште еден преседан. Заради сите овие недоследности кои што ги имаме во законот за урбанистичко планирање, заради тоа што семтаме дека ваквиот закон наместо проактивен, ќе биде кочничар при неговото имплементирање во процесот на урбавизирање и планирање на просторот јас го замолувам министерот да го повлеќче законот за доусовршување и доработење, рече денес пратеничката Лилјана Затуроска од ВМРО-ДПМНЕ на Комисијата за транспорт и врси во Собранието на Република Македонија.

Затуроска побара од министерот Горан Сугарески, Законот за урбанистичко планирање да биде повлечен и истиот да се доусоврши и доработи бидејќи за него се поднесени 235 амандмани и повеќето се од пратениците на мнозинството.

Таа додаде дека со овој закон каков што е сега се прави преседан во урбанизмот и градежништвото од кои полза ќе има само урбаната мафија.

– Ако законското решение треба да претрпи 30% од неговата материја, промени тогаш истото треба да се повлече и да се изработи друго законско решение. Во овој случај преку амандманите материјата трпи промена од 90%. Вие правите преседан кој што во урбанизмот и градежништвото ќе донесе хаос. Ќе има вакум простор бидејќи нема закон за просторно планирање. Урбаната мафија ќе цвета во Република Македонија. Повлечете го законот и ќе се формираат групи за заеднички да го усогласиме законот, додаде Затуроска.

Министерот Горан Сугаревски одби да го повлече законот и предложи амандмански да се реагира на содржината преку работни групи. На овој предлог се надоврза и пратеничката на ДОМ Лилјана Поповска која што е дел од владеачкото мнозинство и рече дека амандмански е невозможно да се подобри законот и се приклучи кон барањата на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, законот да биде повлечен.

Најнови вести