среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Затворени избирачките места во Струга и Вевчани

Затворени избирачките места во Струга и Вевчани

Сите избирачки места во општините Струга и Вевчани се затворени, информираат општинските изборни комисии. Според податоците од ОИК до 18 часот и 30 минути во Струга излезноста е 36,78 отсто, а во Вевчани 32 проценти.

Од регистрирани 60.169 гласачи во Избирачкиот список во општина Струга до половина час пред затворање на кутиите своето уставно право го искажале гласале 22.120 лица, додека во Вевчани од 2.038 пријавени гласачи на референдумското прашање се изјасниле 641 лице до 18 часот и 30 минути.

Изборните комисии од двете општини референдумскиот ден го оценија како мирен без поголеми нарушувања, освен фотографирањето со мобилен телефон од тераса во зграда во близина на избирачко место во основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, како и поставен транспарент во близина на избирачко место во селото Мислешево.

Најнови вести